Јанис го прегази Орландо (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо одигра нова „ѕверска“ партија во НБА лигата. Тој во победата на неговиот Милвоки Бакс над Орландо Меџик од (117-108) постигна 32 поени, надополнети со 20 скока и пет асистенции.

Кај поразените Р.Џ. Хемптон заврши со 19 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Вашингтон Визардс во дербито на Истокот славеше над Мајами Хит со 103-100. Бредли Бил со 21 поен го водеше Визардс, додека кај Хит недоволни беа 29 поени на Џими Батлер.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њујорк – Хјустон 106-99, Индијана – Њу Орлеанс 111-94, Атланта – Шарлот 115-105, Бостон – Оклахома 111-105, Минесота – Мемфис 138-95, Портланд – Филаделфија 118-111 и Сакраменто – Јута 105-123.

Се вчитува...