Јанис: Кога ќе ја завршам кариерата сакам да бидам како Данкан…

Јанис Адетокумпо кој важи за еден од најдобрите кошаркари на денешницата не сака да биде во центарот на вниманието по завршување на кариерата. Гркот кој доминира во најсилното кошаркарско натпреварување сака да биде заборавен веднаш по последниот одигран натпревар и да го живее животот во мир.

Говорејќи за медиумите во САД тој притоа откри интересна случка од Шведска, а имаше и интересна изјава дека не сака да биде запомнет како Мајкл Џордан, туку како Тим Данкан притоа запрашувајќи што прави денеска легендата на Сан Антонио.

„Кога ќе се пензионирам сакам да исчезнам. Сакам да одам некаде каде не ме знаат. Бев во Шведска пред две години и никој не ме познаваше. Кога заминав луѓето прашувале ‘Дали тоа беше Јанис?. Снимав видео со пријател на кој викам ‘никој не ме знае тука’ и луѓето само се вртеа со израз ‘кој е овој лик’. Никој не ме вознемируваше и тоа беше убаво. Не сакам да бидам како Џордан, Меџик… сакам да бидам како Тим Данкан, каде е тој побогу? Не знам ништо за него“, вели Гркот.

Се вчитува...