Јанис: Можев да изберам „супертим“, но јас отидов по потешкиот пат

Јанис Адетокумбо конечно ја круниса својата импресивна НБА кариера со титула. Го предводеше Милвоки Бакс во триумфот од 4-2 во финалната серија против Феникс Санс.

„Не сакав да заминам. Имаше работа која требаше да се заврши. Ова е мој град и град кој веруваше во мене. Можев да заминам во супертим и да станам шампион, но јас се изборив по потешкиот пат“, изјави Јанис.  

Јанис доминираше во шестиот меч со 50 поени со што ја заслужи наградата за најкорисен кошаркар во финалната серија.

Се вчитува...