Јанис не може се сам – Феникс зголеми на 2-0 во НБА финалето (ВИДЕО)

Феникс Санс зголеми на 2-0 во финалната серија во НБА лигата против Милвоки Бакс откако синоќа триумфираше и во вториот натпревар, овој пат со 118-108.

Клучна во мечот беше втората четвртина која домаќините ја добија со 30-16. Девин Букер со 31 поен беше најефикасен кај победникот, а го следеа и Мајкл Бриџис со 27 и Крис Пол со 23 поени. Кај поразените залудна беше „ѕверската“ партија на Јанис Адетокумбо кој заврши со 41 поен, од кој дури 20 во третиот период со кој го урна рекордот за најмногу постигнати поени во една четвртина во финалните серии во НБА.

Серијата сега се сели во Висконзин каде во ноќта меѓу недела и понеделник во 2 часот по полноќ се се игра третиот натпревар.

 

 

Се вчитува...