Јанис: Сакам и со Грција да остварам голем успех

Јанис Адетокумпо стигна до првата титула во НБА лигата откако во финалната серија го предводеше Милвоки до победа од 4-2 против тимот на Феникс со што Бакс по 50 годишен пост повторно успеаја да го кренат трофејот.

Грчкиот интернационалец блескаше на паркетот со што заслужено стигна и до МВП наградата, а сега вели дека покрај успехот во најсилната кошаркарска лига сака големи нешта да оствари и со Грција.

„Сакам да освојам нешто и со националниот тим. Можеби не златниот медал, но сакам нешто големо со Грција. Тој сон сеуште го немам остварено. Се надевам дека ќе продолжам да напредувам, дека ќе направиме нешто големо и Грција ќе биде горда на нас“, вели Адетокумпо.

Се вчитува...