Јанис сам ги реши Лејкерс, Далас немоќни без Дончиќ (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо одигра ѕверска партија во победата на Милвоки Бакс над Лос Анџелес Лејкерс од 109-102. Гркот натпреварот го заврши со 47 поени и неверојатно реализација од игра (18/23), а додаде и девет скока и три асистенции. Кај Лејкерс, Тајлер Хортон Такер мечот го заврши со 25 поени.

Далас Маверикс беа немоќни без услугите на Лука Дончиќ на гостувањето кај Феникс Санс (105-98). Девин Армани Букер ги водеше Санс до десетта победа во низа со 24 поени, додека кај поразените Тим Хардвеј Џуниор заврши со 22 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Вашингтон 97-87, Детроит – Индијана 97-89, Атланта – Бостон 110-99, Бурклин – Кливленд 109-99, Мајами – Њу Орлеанс 113-98, Њујорк – Орландо 98-104, Минесота – Сакраменто 107-97, Оклахома – Хјустон 101-89 и Портланд – Чикаго 112-107.

Се вчитува...