Јанкулов: Брера ќе се замеша и во битката за врвот!

По осум едноподруго натпревари без победа, АП Брера конечно славеше во домашниот шампион и тоа со 2-1 над актуелниот шампион Струга ТЛ.

Сосема заслужена победа на струмичани која носи нови ветришта на југот, во желбата за успешна сезона и излез на европската сцена.

Стрелецот на вториот гол за АП Брера, Ѓорѓи Јанкулов верува дека тимот по овој триумф ќе има позитивна низа и наскоро ќе се замеша во самата битка и за врвот на табелата.

„По долгата серија без победа верувам дека ова ќе ни биде голем поттик сега да влеземе во победнички ритам и наскоро да се приклучиме во битката за врвот од табелата. И на дуелот со Струга се виде дека повеќе ни одговараат екипи кои сакаат да играат фудбал, отворено и напаѓачки. Заслужена победа која ни носи голем мотив до крајот на есенскиот дел“ – вели Јанкулов.

Брера во моментов е на петтата позиција на табелата. Во следното коло кое на програмата е на 26. ноември ја очекува гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.

Се вчитува...