Белгија ја оствари и третата победа на Мундијалот, совладувајќи ја Англија со 1-0, во битката за првата позиција во групата Х. Тоа значи дека избраниците на Роберто Мартинез, кои групниот сегмент го заокружија со максимални девет бода, во осминафиналето ќе играат против селекцијата на Јапонија. Поразената Англија, како второпласирана од оваа група, ќе вкрсти во осминафинална пресметка со Колумбија.
GOAL! Januzaj gives @BelRedDevils the lead with a fantastic curling finish! pic.twitter.com/r2yIOomuwt
— ITV Football (@itvfootball) June 28, 2018
Аднај Јанузај во 51.минута, со одличен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на гордиот Албион. И двете селекции играа во комбиниран состав на овој меч, штедејќи дел од силите токму за стартот на нокаут фазата.
Во вториот меч, Тунис ја совлада Панама со 2-1. Панамците први поведоа со автолот на Мерија, а Бен Јусеф и Казри во вториот дел направија целосен пресврт во корист на Тунижаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА