Јапонецот Јасухира ќе продолжи да игра во Охрид, ама од 2027 година!

ГРК Охрид успеа да го ангажира јапонскиот ракометар Косуке Јасухира во својот ростер, меѓутоа не од оваа сезона. Ова е исходот од преговорите, па така Јапонецот кој играше и во Вардар, ќе му пристапи на тимот на Охрид дури од сезоната 2027/28.

Од раководството на Охрид напоменуваат дека сториле се да го задржат и оваа сезона, меѓутоа не успеале, па така од следната сезона тој ќе биде достапен на тимот, и ќе потпише договор до 2029 година.

“Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во Клубот со кој го освоив првиот Европски трофеј. Рибари и охриѓани се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули” – изјави Косуке Јасихура за клупскиот сајт.

Се вчитува...