ЈАР, со гол од пенал во финишот, и „украде“ победа на Чешка (ВИДЕО)

Чешка и Јужноафриканската република одиграа без победник (1-1) на првиот натпревар од 2. коло на Светското првенство 2026.

Чесите дојдоа до предност со брз гол на Садилек уште во 6. минута од средбата.

Во првото полувреме, фудбалерите на ЈАР се обидуваа да дојдат до израмнување, но без некој ефект, без ниту еден што во рамките од голот на Чесите.

Чесите почнаа далеку подобро во вториот дел, но не успеаја да ја дуплираат предноста, па дојде казната во 83.минута кога Мокоена погоди од оправдано досуден пенал за конечни 1-1.

Ова е прв бод и за двете селекции по поразите во првото коло на ЈАР од Мексико, односно на Чешка од Јужна Кореја.

Се вчитува...