Бори Фати, таткото на младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, е лут на Барселона сметајќи дека неговиот син заслужува да добива поголема минутажа во клубот.
Фати во првиот тим на Барселона стигна со 17 години, прескокнувајќи ја Барселона Б, и веднаш ја доби десетката. Се претпоставуваше дека ќе биде новиот Меси, меѓутоа проблемите со повреди ја уназадија неговата кариера. Дури три пати одеше на операција, но кога доживеа повреда на задната ложа, и не ги послуша клупските доктори за операција, никако да се врати во старата форма.
Таткото Бори смета дека неговиот син е голема надеж на Барселона и дека заслужува многу поголема минутажа.
„Ансу не сака да ја напушти Барселона, но јас сакам тој да успее. Повеќе не одам на стадион, лут сум на клубот. Сигурен сум дека за еден месец одново ќе имам состанок со Мендеш. Ме загрижува што Ансу игра многу малку. Зборуваме за играч кој е репрезентативец на Шпанија и кој потекнува од школата на Барселона. Заслужува многу повеќе од ова“, рече Бори и додаде:
„Не знам зошто Чави не му пружа шанса. Фати не е бесен на него, од секогаш му бил идол. Но, јас како татко сум лут. Но, тој не сака да си замине. Јас да се прашувам, уште утре би заминал“, рече Бори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА