Јасмин Мециновиќ потпиша за Рудар Пљевља

Македонскиот фудбалски интернационалец Јасмин Мециновиќ кариерата ја продолжува во црногорскиот прволигаш Рудар Пљевља. Тој се договори со раководството на овој клуб, враќајќи се во Европа, со оглед дека претходно настапуваше во Бејрут и во Малезија. Поранешниот дефанзивец на Скопје, Пелистер, Ренова, Македонија ЃП, беше интернационалец и во Норвешка, Унгарија и во Литванија, а сега ќе заигра во првенството на Црна Гора.

Рудар Пљевља по 19 одиграни кола во првенството на Црна Гора се наоѓа на осмата позиција со 22 бода и ќе води грчевита борба за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...