Јазик имаш, имаш ли м*да? – насловна страна на хрватски медиум со која го понижи канадскиот селектор направи светски хаос (ФОТО)

Селекторот на канадската фудбалска репрезентација, Џон Хердман упати остра порака кон следниот противник на Светското првенство во Катар, Хравтска велејќи дека ќе ги е*е Хрватите, а не требаше многу за овие да го возвратат ударот.

Хрватскиот весник „24 часа“ го стави Хердман на главната страна со монтажа на неговата глава на голо тело насловувајќи „Јазик имаш, имаш ли м*да?“. Понижувањето оди и чекор подалеку со тоа што на сликата се ставени и два јавори листови, симболот на Канада кој се наоѓа и на нивното знаме.

Едниот од нив голем на устата алудирајќи на големите зборови, а другиот мал на меѓуножјето за удар на машкоста на селекторот. Оваа слика брзо стана главна атракција и во медиумите во Канада, но и Велика Британија со што дополнително ги загоре страстите пред меѓусебниот дуел кој ќе биде одигран в недела од 17 часот.

Се вчитува...