Јелена Антиќ до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Баскет Кам

Покрај прволигашките натпреварувања во машката, овој викенд започнаа и натпреварувањата во женската конкуренција, а фокусот беше во Македонска Каменица каде дресот на Баскет Кам го облече Јелена Антиќ.

Поранешната репрезентативка од претходната сезона седна на тренерското место, така ја започнаа и оваа, но до крајот на сезоната ќе ги брани боите на бранителот на трофеите во првенството и Купот од самиот терен. Со Антиќ, Баскет Кам стигна до нова победа, овој пат против Вардар од 72-59.

На триумф се радуваа и лидерот на табелата, Бадел 1862 кој славеше на домашен терен против МЗТ Скопје 71-64, Пробаскет кој го доби Работнички со 78-63, а домашниот терен го одбрани и Крива Паланка која ја доби Струга со 75-67.

Се вчитува...