Ромелу Лукаку го одигра своето во дресот на Наполи, откако белгискиот голгетер реши да си замине од Неапол и да се врати назад во татковината.
Тој речиси цела сезона се мачи со повреда, а во март приреди скандал во клубот одбивајќи да се врати назад и инсистирајќи дел од рехабилитацијата да мине токму во Белгија. Ова предизвика бурна реакција од „наполитанците“, кои го казнија финансиски својот фудбалер, а по враќањето тој беше целосно изолиран од првата екипа.
Конте исто така крена раце, па на крајот беше донесена одлука – Лукаку може да се врати назад во Белгија и таму индивидуално да тренира до почетокот на тренинг-кампот на својата репрезентација пред СП 2026.
На „џинот“ јасно му е ставено до знаење дека за него нема иднина во Неапол и дека летово сигурно ќе биде продаден, а „наполитанците“ се надеваат на отштета од најмалку 25 милиони евра, ако се знае дека интерес за овој фудбалер во минатото покажуваа клубови од Саудиска Арабија и од Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
