Јилдиз: Среќен сум во Јуве, не одам никаде

Кенан Јилдиз ги израдува навивачите на Јувентус со изјавата дека нема намера да го напушти најтрофејниот италијански клуб во претстојниот преоден рок.

Турскиот суперталент се наоѓа на листата со желби на неколку европски гиганти, но Јилдиз пред неколку месеци потпиша нов договор со „старата дама“ и јасно стави до знаење дека трансфер не е опција за него летово.

„Јувентус е во моето срце. Благодарност до првите луѓе на клубот што веруваат во мене, како и на сите навивачи за љубовта што ми ја покажуваат. Затоа, не гледам причина зошто би си заминал, сакам да останам и да го вратиме Jуве онаму каде што припаѓа. Влаховиќ? Разговарав со него и му кажав дека многу сакам и тој да остане, но тоа е негова одлука… Факт е дека со него во тимот нашиот напад е далеку поопасен“, истакна Јилдиз.

Се вчитува...