Јенс Леман доби отказ поради расизам

Поранешниот голман Јенс Леман доби отказ во Херта од Берлин поради расистички коментар испратен до поранешниот фудбалер Денис Аог. Леман, му испратил расистичка порака на Денис, кој решил да ја објави на социјалните мрежи.

Откако го стори тоа, Леман јавно се извини на „Твитер“, но тоа не му помогна премногу и управата на Херта му врачи отказ во управниот одбор на клубот.

„Таквите изјави не се она за што се залага нашиот клуб. Ние се оградуваме од какви било форми на расизам”, се вели во соопштението на берлинскиот клуб.

Аого ја заврши својата кариера минатото лето и сега е вработен како професионален аналитичар во „Скај Спорт“ Германија. Во својата кариера, овој фудбалер играше за Фрајбург, ХСВ, Шалке, Штутгарт и Хановер. Дресот на германската репрезентација го носеше 12 пати.

Од друга страна, Леман има многу побогата кариера. Ги започна своите настапи во Шалке, а играше и за Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт. За репрезентацијата на Германија, Леман бранеше 61 пати.

Се вчитува...