Јеспер Нодесбо е новата „18-ка“ во Силкеборг

По десет години поминати во дресот на Барселона, данскиот пикер Јеспер Нодесбо се враќа во својата татковина. Тој и официјално беше претставен како ново засилување во составот на Силкеборг. Со данскиот клуб, Нодесбо потпиша договор на две години.

Не очекував дека ќе дојдат толку многу луѓе да ме поздрават и да ми посакаат добредојде. Почестен сум“ – изјави Јеспер Нодесбо.

Данскиот репрезентативен пикер во Силкеборг ќе го носи дресот со бројот 18. Неговиот прв избор беше бројот 8, но овој дрес во Силкеборг е веќе резервиран за Матс Нилсен кој исто така летово се враќа во клубот.

Силкеборг ја загуби титулата по поразот од Алборг во полуфиналето на данскиот шампионат, но тоа не ги намалува амбициите на клубот за следната сезона.

Се вчитува...