Новиот прволигаш Струга Трим Лум почна со подготовките за дебитантската сезона во Првата лига. Раководството на клубот му даде доверба на досегашниот стратег Јетон Беќири да го предводи тимот и во елитата. Тој потпиша нов едногодишен договор со Струга Трим Лум, а ќе добие одврзани раце и за да доведе неколку засилувања за настапот во прволигашка конкуренција.
Струга Трим Лум на доминантен начин го освои првото место во Втората Лига Запад минатата сезона и за првпат во клупската историја ќе биде дел од најдоброто фудбалско друштво во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА