Јиха: Секогаш е посебно да се игра во Скопје, среќни сме што победивме…

Филип Јиха задоволен го напушта Скопје, откако Кил и покрај бројните проблеми и отсуството на Сагосен и на Вајнхолд најде начин да го совлада тимот на Вардар.

„Зебрите“ допатуваа во Македонија по дерби-поразот од Магдебург, имаа само еден триумф на последните пет меча во сите натпреварувања, но покажаа карактер и на крајот се радуваа на бодовите.

„Пред се би сакал да кажам дека секогаш е посебно да се игра во Скопје, при една ваква луда атмосфера. Ракометарите се секогаш максимално мотивирани кога играат со Вардар. Морам да бидам задоволен од играта во второто полувреме, во првиот дел не бевме доволно добри, промашивме многу лесни шутеви и психолошки не бевме на посакуваното ниво. Реков и пред мечот, не ми е важно кои играчи ни недостигаат, очекувам максимална игра и победа. Во вториот дел бевме далеку подобри, направивме пресврт и стигнавме до победата што ја посакувавме“, изјави тренерот на Кил.

Се вчитува...