Јирген Клоп го сака Сар на „Енфилд Роуд“

Англискиот првак Ливерпул сака да го засили нападот со сенегалскиот интернационалец Исмаил Сар од Вотфорд. Менаџерот Јирген Клоп би сакал да го ангажира одличниот напаѓач, но раководството на Вотфорд бара отштета од 40 милиони фунти.

Кристал Палас и Вулверхемптон исто така се вклучени во преговорите со Вотфорд, а за фудбалерот секако најголем предизвик е да го облече дресот на Ливерпул.

„Црвените“ ќе се обидат да ја намалат отштетата со вклучување на некој од фудбалерите кои би заминале на позајмица во Вотфорд, а во опција се Хари Вилсон, Џердан Шакири или Марко Грујиќ.

 

 

Се вчитува...