Јирген Клоп – тренер на сезоната во Премиер-лигата

Јирген Клоп е именуван за тренер на сезоната во Премиер-лигата. Германецот е првиот кој по 30 години успеа да ја донесе титулата за Ливерпул, со рекордни 99 бода и 18 бода разлика пред второпласираниот.

Ливерпул имаше 32 победи изминатава сезона од 38 натпревари, притоа и со неверојатна серија без пораз во првите 27 кола.

Во изборот за најдобар менаџер на сезоната, Клоп беше подобар од Френк Лампард, Брендан Роџерс и Крис Вајлдер.

Се вчитува...