Јоаким Лев: Интересна група…, добра за патот кон одбрана на титулата!

Светскиот шампион Германија одбраната на титулата на Мундијалот во Русија следната година ќе ја стартува од Групата Ф каде е заедно со селекциите на Мексико, Шведска и Јужна Кореја, одлучи денешната ждрепка.

Селекторот на Германците, Јоаким Лев е задоволен од ждрепката потенцирајќи дека кога една репрезентација како неговата сака да стигне и до финалето, тогаш не треба многу да размислува на противниците кои го очекуваат на патот до таа цел.

„Секој противник е сериозен, секој противник е тежок штом стигнал да игра на Светското првенство. Ние знаеме дека не чека сериозна задача. Добивме интересна група. Наша цел преку натпреварите во групата ќе биде да ги поставиме темелите на патот кон одбрана на титулата освоена во Бразил“ – истакна Лев по ждрепката во Русија.

Се вчитува...