Јоаким Лев ќе биде наследникот на Пикси во репрезентацијата на Србија?

Фудбалската репрезентација на Србија ја очекуваат бројни промени, како во самиот тим, така и надвор од него.

Се очекува многу функционери да си заминат од столчињата, но она што најмногу ја интересира јавноста е кој ќе биде нов селектор по отказот на Драган Стојковиќ, кој е тема по елиминацијата од ЕП и слабиот настап на турнирот.

Засега се е во доменот на шпекулации, но „Република“ ја носи бомбастичната информација дека селекторската функција би можел да ја преземе познатиот германски стратег Јоаким Лев.

Искусниот селектор ја водеше германската репрезентација 15 години, а клупата на оваа селекција ја напушти во 2021 година. Оттогаш тој повеќе не влезе во тренерските води. Лев во 2014 година со Германија го освои Светското првенство во Бразил.

Се вчитува...