Јокиќ брутално искрен по хаваријата од Оклахома: На теренот се појави само еден тим…

Српскиот кошаркар и еден од најдобрите играчи на светот Никола Јокиќ, даде свој коментар по катастрофата од Оклахома (149-106) во вториот натпревар од серијата која сега е израмнета на 1-1.

Србинот имаше скромен учинок од само 17 поени, осум скока и шест асистенции, и шест загубени топки. Во текот на третиот период заработи исклучување откако доби шест лични грешки, и мораше предвреме да го заврши натпреварот.

„Не игравме. На паркетот се појави само еден тим. Промашувавме многу, ја губвевме топката. Беа многу подобри од нас, и затоа резултатот е толку лош“, изјави Јокиќ.

Многумина се прашуваа дали Дејвид Аделман е виновен за ова и што тој воопшто прави. По вториот убедлив пораз во плејофот, Јокиќ застанува на страната на тренерот.

„Не е негова вина. Сите сме виновни за ово лошо издание. Мислам дека и тој е виновен, но сите го делиме тоа како екипа. Никој не треба никого да издвојува“, рече Србинот

Се вчитува...