Јокиќ: Дали се радувам на плеј-офот? Не, се радувам на тоа што ќе поминам време со ќерката

Бранителот на трофејот во НБА лигата, екипата на Денвер Нагетс го заврши регуларниот дел до сезоната со победа над Мемфис од 126-111, но и покрај тоа останува на втората позиција на табелата во прсрет плеј-офот.

Српскиот центар Никола Јокиќ говореше за медиумите на преконференција по натпреварот каде беше запрашан дали се радува на плеј-офот, а одговори во свој стил.

„Се радувам на тоа што ќе поминам неколку дена со својата ќерка на базен, за тоа сум возбуден моментално. Ќе ни помогнат неколку слободни денови да се подготвиме и одново да ја почуствуваме радоста за играње. Започнува плеј-офот, тоа е забавниот дел“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...