Јокиќ до дабл-дабл за едно полувреме, Јута изненадена, пораз и на Далас….

Денвер рутински славеше над Мемфис со 120-96, десетти триумф на нагетси на последните 11 средби на домашен терен. Во главна улога вообичаено беше Никола Јокиќ, кој оствари дабл-дабл уште во првото полувреме (18 поени и десет скокови), трасирајќи го патот кон победата. Српскиот центар до крајот стигна до 25 поени, 15 скокови и пет асистенции, откако предвреме беше повлечен од игра по недостижната предност што ја создаде неговиот тим.

Јута Џез се соочува со сериозна опасност да остане без првото место во Западната конференција по синоќешниот пораз од Минесота од 105-104. „Џезерите“ важеа за големи фаворит на дуелот со претпоследниот тим од „западот“, но не ја оправдаа ваквата улога. Јута имаше 18 поени предност на почетокот од второто полувреме, но Расел го предводеше големиот камбек на Минесота. Токму Расел ги постигна поените за триумф на домашниот тим на асистенција на Рики Рубио, за вкупно 27 поени на овој кошаркар надополнети со 12 асистенции.

Далас претрпе пораз на гостувањето против Сакраменто од 113-106, неуспех најавен со очајната прва четвртина која маверикс ја загубија со 31-17. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 24 поени и 8 асистенции, премалку за Далас да стигне до триумф на оваа средба.

Резултати НБА:

Детроит – Атланта 100-86, Орландо – ЛА Лејкерс 103-114, Филаделфија – Оклахома 121-90, Вашингтон – Сан Антонио 143-146 (по прод.), Њујорк – Феникс 110-118, Торонто – Кливленд 112-96, Мајами – Чикаго 102-110, Минесота – Јута 105-104, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 120-103, Денвер – Мемфис 120-96, Сакраменто – Далас 113-106.

Се вчитува...