Јокиќ „докторски“ го почна мечот со Јута, но повредата на коленото го загрижи цел Колорадо

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Јута Џез со 110-122. МВП од минатата година, Никола Јокиќ на неверојатен начин го почна мечот и на две минути до крајот на првиот дел имаше 24 поени и по шест асистенции и скокови.

Сепак, во тој период заработи незгодна повреда на коленото по која мораше да го заврши мечот, а по дополнителните прегледи ќе се знае колку време ќе отсуства од терените. Како што пренесуваат американските медиуми иако повредата делуваше доста незгодно, за среќа таа не е толку сериозна па одличниот српски центар нема да го чека подолга пауза.

 

Се вчитува...