Никола Јокиќ продолжи со одличните изданија од стартот на сезонава откако српскиот центар во четвртиот меч стигна и до четвртиот трипл-дабл, предводејќи го Денвер до триумф над екипата на Њу Орлеанс, изразен со конечните 122-88.
Јокиќ го заврши мечот со 21 поен, 12 скокови и 10 асистенции, а уште поимпресивно е што тој имаше трипл-дабл веќе по три одиграни четвртини, а со оглед на убедливото водство на својот тим немаше потреба да се враќа на теренот до крајот на мечот. Со тоа, Србинот се израмни со Расел Вестбрук како играчи со најмногу трипл-дабл натпревари на почетокот од една сезона (по четири) во историјата на НБА-лигата.
Многу поинтерересно и понизвесно беше во Минеаполис, каде домашната Минесота со звукот на сирената загуби од ЛА Лејкерс со 115-116. Гостите повторно беа без Лука Дончиќ и без Леброн Џејмс, но улогата на херој му припадна на Остин Ривс со вкупно 28 поени, меѓу нив и оние победничките во последната секунда од мечот.
Бостон во финалето на Источната конференција славеше над Кливленд со убедливи 125-105, пред се благодарение на фантастичната втора четвртина што селтикси ја добија со 35-18, трасирајќи си го патот кон триумфот. Браун беше во главна улога во победничкиот тим со 30 поени, додека кај Кливленд најистакнат беше Мобли со дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови.
Резултати НБА:
Бостон – Кливленд 125-105, Детроит – Орландо 135-116, Бруклин – Атланта 112-117, Чикаго – Сакраменто 126-113, Далас – Индијана 107-105, Денвер – Њу Орлеанс 122-88, Јута – Портланд 134-136, Минесота – ЛА Лејкерс 115-116, Феникс – Мемфис 113-114.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

