Јокиќ е „ѕвер“: Нов трипл-дабл во триумфот над Сан Антонио

Никола Јокиќ продолжува со импресивните изданија во дресот на Денвер нагетс, со кои одличниот центар се наметнува како главен кандидат за МВП-признанието за регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата. Тој одигра извонредно на дуелот со Сан Антонио, предводејќи го Денвер до триумф од 121-119 со нов трипл-дабл, реализирајќи 26 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Ова беше 54. трипл-дабл во карирата на Србинот, за осми триумф во низа на Денвер и јасна најава дека овој тим добро да темпира формата за завршницата на сезонава.

Чикаго загубо на гостувањето во Атланта и покрај феноменалното изздание на Зек Левајн, кој постигна 50 поени. Вучевиќ оствари дабл-дабл од 25 поени и 10 скокови, но и тоа не им помогна на „биковите“, додека кај Атланта најрасположен беше Тре Јанг, постигнувајќи 42 поени, осум скокови и девет асистенции.

Бостон во драматична завршница дури по продолжение ја совлада Минесота со 145-136. Во главна улога беше Тејтум со 53 поени, од кои асот на Бостон дури 18 постигна во последната четвртина и во продолжението.

Милвоки беше непријатно изненаден од Шарлот, губејќи на домашен терен со 119-127. Клучно беше слабото издание на Адетокумбо, кој постигна само 12 поени, па најефикасен кај Милвоки беше Нвора со 26 поени.

Резултати НБА:

Орландо – Индијана 106-111, Бостон – Минесота 145-136 (по прод.), Њујорк – Мемфис 133-129 (по прод.), Атланта – Чикаго 120-108, Њу Орлеанс – Филаделфија 101-94, Денвер – Сан Антонио 121-119, Милвоки – Шарлот 119-127, Голден Стејт – Вашингтон 107-110, ЛА Клиперс – Хјустон 126-109.

Се вчитува...