Никола Јокиќ одигра уште еден извонреден меч за Денвер, предводејќи го својот тим до рутински триумф од 134-124 над Хјустон рокетс. Србинот го пропушти последниот меч поради повреда на грбот, и на синоќешниот дуел беше јасно дека тој проблем не е стопроцентно саниран, но Јокиќ не дозволи да се одрази врз неговото издание. Така, српскиот центар оствари нов трипл-дабл (Вкупно 112. во досегашната кариера) постигнувајќи 32 поени, надополнети со 10 скокови и со 15 асистенции.
Одлична вест за Денвер е што тимот конечно беше комплетен, па така Џамал Мареј реализираше 16 поени, а сериозен придоне даде Портер џуниор, со 30 поени, 10 скокови и пет аистенции.
Фантастичен натпревар беше одигран во Њу Орлеанс, каде домаќините по голема борба славеа над Филаделфија со 124-114. Вилијамсон го предводеше победничкиот состав со 33 поени, исто толку на спротивната страна имаше Макси, а треба да се истакне дека Филаделфија на овој меч настапи без Ембид.
ЛА Лејкерс по убедливиот пораз на последниот дуел, синоќа конечно заигра како што треба и лесно и убедливо триумфираше во Детроит со 107-133. Расел ги предводеше „езерџиите“ во овој триумф со 35 поени и 9 асистенции, а одличен беше и Дејвис, остварувајќи дабл-дабл од 28 поени и 16 скокови.
Резултати НБА:
Детроит -ЛА Лејкерс 107-133, Орландо – Вашингтон 139-120, Торонто – Феникс 112-105, Мемфис – Јута 105-91, Њу Орлеанс – Филаделфија 124-114, Денвер – Хјустон 134-124, Сакраменто – ЛА Клиперс 117-131.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА