Јокиќ ги откачи Американците и се сврте кон Кина

Никола Јокиќ продолжува со одличните игри на теренот, но во меѓувреме српскиот центар успеа да потпише и многу значаен спонзорски договор кој ќе му донесе огромна заработка во наредниот период.

Големиот ас остана разочаран од „Најк“ откако стана единствен МВП-кошаркар во НБА-лигата без сопствена линија на патики, а откако од раководството на „Најк“ порачаа дека не планираат да тргнат по тој пат во блиска иднина, јасно беше дека е дојдено време за разделба.

Јокиќ имаше на маса бројни понуди, но на крајот изненади многумина со изборот – тој се појави на синоќешниот дуел со патики на „361 Degrees“, кинеска компанија чиј промотор е неговиот соиграч и добар пријател Ерик Гордон.

Србинот веќе носеше патики од овој бренд на тренинзите, но откако ја прекина официјално соработката со „Најк“, синоќа се појави во „361 Degrees“ и на еден официјален натпревр во дресот на Денвер. Станува збор за компанија со 20 годишна традиција која има 7950 продавници ширум светот, најмногу во Кина (дури 6.000).

Финансиските детали засега не се обелоденуваат во јавноста, но извори блиски до Јокиќ тврдат дека ова е најбогат спонзорски договор што МВП-кошаркарот го има потпишано во текот на својата блескава кариера.

Се вчитува...