Јокиќ ги запре ЛА Лејкерс

Серијата од пет победи на Лос Анџелес лејкерс беше прекината рано утрово, откако „езерџиите“ налетаа на Никола Јокиќ и Денвер нагетс. Проблем повеќе за лејкерси беше што покрај Дејвис, во тимот го немаа ниту Леброн Џејмс, а без двете најголеми ѕвезди во тимот, составот од Ел-Еј немаше сили за изненадува против најсилната екипа во Западната конференција. Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, не инсистираше на шут, но затоа го разигра остатокот од тимот. Српскиот ас оствари уште еден трипл-дабл, со 14 поени, 11 скокови и 16 асистенции, најефикасен беше Мареј со 34 поени, додека кај лејкерси прв стрелец беше Расел Вестбрук со 25 постигнати поени.

Бостон останува на чело на Источната конференција, по рутинската победа од 107-99 над Чикего булс. Тејтум повторно беше извонреден во дресот на селтиски, постигнувајќи 32 поени, надополнети со седум асистенции, Вилијамс постигна 20 поеени за победничкиот тим, додека најефикасни кај Чикаго беа Лавајн со 27 и Вучевиќ со 21 поени.

Милвоки со пресврт во последната четвртина успеа да стигне до триумф на гостувањето против Њујорк (107-111). Брансон постигна 44 поени за Њујорк, Рендл имаше дабл-дабл од 25 поени и 16 скокови, но и тоа беше недоволно за домаќините да го земат скалпот на поранешниот шампион. Адетокумбо беше главен играч и на овој меч на Милвоки, со 22 постигнати поени, 10 скокови и пет асистенции.

Се вчитува...