Јокиќ го израдува Денвер, Дончиќ не е Чембрлен, дербито на Лос Анџелес повторно за Клиперси

Во синоќешната богата НБА програма, Денвер беше подобар од составот на Индијана со 122-119, а Никола Кокиќ одигра меч со кој го потврди епитетот МВП. Сепак, Нагетси потешко од очекувањата дојдоа до триумф со Индијана благодарение на Бенедикт Матурин, новајлијата во НБА лигата.

Денвер имаше одличен влез во мечот, но Индијана потоа во своја корист ја реши втората четвртина, и на одмор замина со предност. Меѓутоа во вториот дел Денвер се врати, благодарение на одличната партија на Никола Јокиќ во моментите кога се решаваше победникот. Тој за нешто повеќе од 20 минути на паркетот запиша 24 поени.

Најнеизвесно беше на мечот Оклахома – Милвоки, а домашниот тим загуби после две продолженија 132-136. Милвоки играше без неколку клучни играчи, а колку беше израмнет мечот покажува фактот што дури 12 пати двете екипи доаѓаа до израмнување на резултатот. Гилџо-Александер постигна 39 поени и беше најефикасен.

Кошаркарите на Орландо ја сопреа својата негативна серија, но ја сопреа и серијата на Лука Дончиќ кој имаше обид да се изедначи со легендарниот Вилт Чембрлен кога се во прашање натпревари во серија од најмалку 30 поени. Дончиќ неодамна стигна до деветта таква партија, но далеку под оние 23 натпревари на легендарниот кошаркар во минатото. Дончиќ мечот го заврши со 24 поени.

Дербито на Лос Анџелес му припадна на Клиперски, кои го совладаа Лејкерс со 114-101, и така дојдоа до деветтата победа по ред над градскиот ривал.

РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Далас 94:87
Шарлот – Портланд 95:105
Индијана – Денвер 119:122
Атланта – Јута 119:125
Бостон – Детроит 128:112
Бруклин – Њујорк 112:85
Торонто – Хјустон 116:109
Чикаго – Њу Орлеанс 111:115
Минесота – Феникс 117:129
Оклахома – Милвоки 132:136
Сан Антонио – Менфис 122:124
ЛА Клиперси – ЛА Лејкерси 114:101
Сакраменто – Кливленд 127:120

Се вчитува...