Јокиќ го предводеше Денвер во триумфот над Филаделфија, нов трипл-дабл на Весбрук (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер во триумфот во дербито на вечерта во НБА лигата над Филаделфија од 10-95. Србинот натпреварот го заврши со 21 поен, надополнет со 10 скока и 5 асистенции. Најефикасен кај Нагетс беше Џамал Мареј со 30 поени, додека кај поразените Тобајас Харис заврши со скромни 12.

Расел Весбрук забележа нов трипл-дабл сезонава во поразот на неговиот Вашингтон Визардс од Шарлот со 104-114. Залудни беа за Весбрук 22 поени, надополнети со 15 скока и 14 асистенции. Кај гостите Тери Розиер со 27 и Гордон Хејворд со 26 беа најпрецизни.

Во останатите два меча од синоќешната понуда, Орландо го изненади на гости ЛА Клиперс со 96-103, додека Феникс беше подобар од Атланта со 117-110.

Се вчитува...