Јокиќ и Денвер понижени од Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Оклахома убедливо го надиграа НБА-шампионот, Денвер победувајќи со 119-93 во синоќешниот натпревар во НБА лигата.

И покрај „дабл-дабл“ ефектот на Јокиќ од 19 поени, 10 скока и седум асистенции, по неизвесното прво полувреме, сепак во вториот дел Оклахома тотално доминираше за сосема заслужен триумф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Гилџус-Александер со 40 поени, а го следеше Холмгрен со 24 поени.

Кај Денвер, покрај Јокиќ, се истакна и Вотсон со 14 поени, како и Портер со 12 поени, а Џамал Мареј заврши со девет поени и 11 асистенции.

Во останатите синоќешни натпревари, Орландо го победи Њујорк со 117-108, Вашингтон беше подобар од Бруклин со 110-104, Сакраменто славеше на гости против Атланта со 110-117 а Бостон минимално го победи Торонто со 120-118. Милвоки на гости славеше со Кливленд, 111-119, а Филаделфија против Хјустон со 127-131.

Се вчитува...