Јокиќ и Дончиќ дел од најдобриот тим во НБА

Најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА ја одбра најдобрата петорка за регуларниот дел од сезоната. Очекувано во неа се наоѓа актуелниот МВП, Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, а друштво му прави и Лука Дончиќ од Далас Маверикс.

Покрај двете ѕвезди на Денвер и Далас, во најдобриот тим се наоѓаат и Стеф Кари, Кавај Ленард и Јанис Адетокумбо.

Избрана беше и втората петорка, а во неа се најдоа Крис Пол, Демијен Лилард, Леброн Џејмс, Џулиус Рендл и Џоел Ембид.

Од третиот најдобар тим пак се, Бредли Бил, Џими Батлер, Пол Џорџ, Кајри Ирвинг и Руди Гобер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Се вчитува...