Јокиќ и откажа на Србија па „возеше“ коњ на хиподром (ВИДЕО)

Никола Јокиќ продолжува да биде во центарот на вниманието на српската јавност. Најкорисниот играч на НБА лигата вчера го откажа настапот за репрезентацијата на квалификациите за ЛОИ со што го подели мислењето на јавноста, а камерата на порталот ‘РТС’ подоцна го „фати“ на хиподромот во Сомобор.

Центарот на Денвер се релаксира возејќи коњ, со што уште еднаш ја покажа скромноста и покрај големите примања во САД. Како потсетување договорот кој Јокиќ го потпиша со Денвер во 2018 година е вреден 147 милиони долари, а веќе за следниот потпис со клубот Србинот треба да добие „супер-макс“ договор со тоа што ја освои МВП наградата.

Се вчитува...