Никола Јокиќ во топ-форма ќе го дочека стартот на новата сезона од НБА-лигата, откако српскиот центар на контролните средби демонстрира дека се наоѓа во одличен ритам.
Доказ за тоа беше и последниот дуел со Чикаго што Денвер го доби со 133-128, меч што мина во целосна доминација на Јокиќ.
Тој играше помалку од 30 минути, што му беше сосема доволно за да стигне до трипл дабл од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции. За Јокиќ ова е историја, прв трипл-дабл на еден контролен меч од предсезоната и јасна порака до ривалите – дека треба да стравуваат од него.
Денвер на отворањето на новата сезона го очекува тешко гостување против екс-шампионот Оклахома Сити.
NIKOLA JOKIC WHAT A PASS
FULL COURT DIME. 🔥🤯 https://t.co/j3CnchBca0
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
