Јокиќ ја остави Србија на цедило – нема да игра на ЛОИ во Токио

Србија нема да може да смета на услугите на МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ за квалификацискиот турнир и самите Олимписки игри, доолку „орлите“ се пласираат на големото натпреварување.

Центарот на Денвер ги одигра сите 72 натпревари во регуларниот дел од лигата, а го предводеше својот тим и до четвртфиналето од разигрувањето, но беше запрен од страната на Феникс. Се очекуваше Јокиќ да биде главен адут на Србија летово, но тој ја шокираше домашната јавност објавувајќи дека сепак нема да може да настапи за својата репрезентација со оглед на потребната рехабилитација.

„На моја голем жалост, ова е момент кога морам да соопштам дека и покрај огромната желба, не сум во можност да настапам за репрезентацијата. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолго отсуство од теренот за рехабилитација. Тоа е став и сугестија на клубот и една неминовност која морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците можат и без мене бидејќи имаат квалитет кој на сите ќе ни донесе радост“, изјави Јокиќ.

Во квалификациите за ЛОИ Србија во првиот круг ќе се сретне со репрезентациите на Филипини и Доминиканска Република, додека во вториот круг со подобрите од втората група во која се наоѓаат Италија, Порто Рико и Сенегал.

Се вчитува...