Јокиќ ќе ја предводи Србија на Мундобаскетот во Кина

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ ќе ја предводи Србија на Мундобаскетот кој летово ќе се игра во Кина. Ден откако е избран во најдобриот тим на сезоната во НБА лигата, Јокиќ изјави дека ќе даде се од себе, Србија да освои медал на Светското првенство во Кина.

„Многу сум задоволен за тоа како одиграв сезонава во НБА лигата. Имав одлична година во која настапив на Ол-стар и бев избран во првата петорка. За мене круна на сезоната ќе претставува медалот кој сум сигурен дека репрезентацијата на Србија може да го освои на Светското првенство во Кина. Јас сум подготвен да дадам се од себе за да ја оствариме таа цел“, изјави Јокиќ. 

Мундобаскетот на програмата во Кина е од 31. август до 15. септември, а Србија се наоѓа во групата Д заедно со репрезентациите на Италија, Филипини и Ангола.

Се вчитува...