Јокиќ: Квалификации за ОИ? Не знам, тукушто ја завршив сезоната во НБА

Српскиот кошаркарски центар и МВП во НБА, Никола Јокиќ вели дека не е сигурен дали ќе му биде на располагање на селекторот Игор Кокошков за квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

Турнирот се одржува во Белград, од 29 јуни до 4 јули, а Јокиќ беше елиминиран со Денвер во второто коло од плејофот откако неговиот тим доживеа уште еден пораз од Феникс Санс и вкупен резултат од 4-0.

“Не знам. Само што ја завршив сезоната во НБА“, одговори кратко Јокиќ, а конечниот одговор веројатно ќе го каже во наредните денови.

Србија е во групата со Филипините и Доминиканската Република, додека Италија, Порто Рико и Сенегал се во втората група. Само победникот на турнирот ќе се квалификува на Олимписките игри во Токио, а олимпискиот турнир во кошарка ќе се игра од 24 јули до 8 август.

Се вчитува...