Јокиќ не може секогаш се: Доминираше против Клиперс, но промаши тројка за победа (ВИДЕО)

Српскиот центар запиша нов „трипл-дабл“ во НБА лигата но не успеа да спречи пораз на Денвер од ЛА Клиперс во синоќешниот натпревар.

Клиперси имаа негатива од 17 поени во текот на дуелот, но на крај успеаја да слават со 102-100.

Јокиќ заврши со 36 поени, 17 скока и 10 асистенции, што за него е 24-ти „трипл-дабл“ во сезоната и 129-ти во кариерата. Успеа да постигна тројка на 30 секунди пред крајот со која ги постави конечните 102-100, но не успеа да погоди и тројка со звукот на сирената и за победа на својот тим.

Пол Џорџ постигна 28 поени а Џејмс Харден запиша 20 поени за победничкиот тим.

Се вчитува...