„Јокиќ не заслужи да биде МВП, наградата мораше да замине во рацете на Расел Вестбрук“

Легендарниот НБА-кошаркар Оскар Робертсон гласно го критикуваше изборот на Никола Јокиќ за МВП на регуларниот дел од минатата сезона. Србинот дојде до наградата благодарение на одличните партии во дресот на Денвер, но според Робертсон тоа е неправедно бидејќи признанието требало да заврши во рацете на Расел Вестбрук.

Новиот кошаркар на ЛА Лејкерс минатата сезона го урна рекордот на Оскар Робертсон од 180 трипл-дабл натпревари во кариерата, за што според Робертсон не добил доволно признание.

„Како никој да не му даде преголемо значење, никој не сметаше дека тој нов рекорд на Вестбрук е нешто важно. Тоа не е фер бидејќи неговите бројки беа фантастични. Да се заврши сезоната со просек од трипл-дабл е нешто неверојатно, тој ззаслужи да биде МВП, а не Јокиќ“, порача легендарниот Оскар Робертсон.

Се вчитува...