Јокиќ ниту со „трипл-дабл“ не успеа да помогне – Бостон го „демолира“ Денвер во последната четвртина

Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Денвер Нагетс со резултат 105-87, и покрај тоа што Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во таборот на домаќинот.

Српскиот центар ја заврши пресметката во Колорадо со 18 поени (15/6 од играта), 11 асистенции и 10 скока, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне пораз по осум последователни победи.

Тимот од Масачусетс стигна до триумфот со фуриозна игра во последната четвртина, која ја доби со фантастични 31-8, и со тоа направи голем пресврт.

Кошаркарите на Денвер имаа водство во поголемиот дел од натпреварот. Кон крајот на третата четвртина имаа најголеми +14 (79:65). Потоа следеше голем пад во играта, кој немаше крај, па Селтикси убедливо славеа.

Најзаслужен за победата беше Џејсон Тејтум со дабл-дабл учинок – 28 поени и 10 скока. Го следеше Џејлен Браун со 18 поени и осум фатени топки, а Маркус Смарт и Кемба Вокер постигнаа по 14. Покрај Јокиќ, добра игра имаше и Мајкл Портер јуниор во таборот на Нагетс со 21 поен и 11 скока, додека Факундо Кампако имаше 14 поени.

Нагетс имаат скор 34-19 и се четврти на Западот. Бостон е петти на Истокот со 28-26.

 

 

Се вчитува...