Јокиќ повторно одличен, генијална асистенција во триумфот на Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер убедливо на свој терен славеа против Сан Антонио со 126-101, во меч во кој најдобар поединец беше српскиот центар Никола Јокиќ кој запиша нов „дабл-дабл“.

Јокиќ дуелот го заврши со 21 поен, шест скока и десет асистенции, како втор стрелец во редовите на Нагетс, веднаш зад Хиланд.

Српскиот центар повторно го разигруваше тимот и со бројни асистенции, издвојувајќи и едно додавање од третата четвртина кое ги воодушеви навивачите на неговиот тим.

Се вчитува...