Јокиќ промаши шут за победа, Денвер казнет на една секунда до крајот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Оклахома со 117-118 во драматичен финиш во кој Никола Јокиќ промаши шут за победа, па Денвер беше казнет на една секунда до крајот.

Јокиќ имаше обид со шут за тројка но не успеа да погоди, па Шај Џилџес-Александер на 1,1 секунда до крајот погоди и донесе триумф за Оклахома.

Јокиќ за 37 минути на теренот имаше 24 поени, дополнети со 12 асистенции, шест скока и две украдени топки. Мајкл Портер заврши со 20 поени и 11 скока кај домашните, а Џамал Мареј дополни со 15 поени.

Во победничкиот тим се истакна токму Џилџес-Александер со 25 поени, осум асистенции и шест скока, а Џејлен Вилијамс дополни со 24 поени.

Се вчитува...