Јокиќ: Прстен? Ќе мора да одмарам повеќе оваа сезона

Никола Јокиќ по летниот одмор се врати на тренинзите на Денвер Нагетс и во новата сезона повторно ќе атакува на признанието за најкорисен играч на лигата.

Но, покрај тоа српскиот интернационалец сака да го види својот тим и во големото финале откако три сезони по ред тимот од Колорадо завршуваше во полуфиналето од западната конференција.

„Доколку сите бидеме посветени постои шанса. Дали сме доволно талентирани? Не знам. Дали сме најдобриот тим во НБА? Ни тоа не знам. Ќе видиме. Се ќе дознаеме во текот на сезоната. Освојувањето на титулата секогаш ќе биде тема на разговор, но за тоа мораме да победуваме, но и да направиме многу работи за да стигнеме дотаму“, вели Јокиќ.

Србинот претходната сезона настапи на сите дуели во сезоната, но за оваа сезона најавува повеќе одмор.

„Мислам дека е паметно почесто да одмарам. Посебно бидејќи претходната сезона видовме многу повреди и многу пропуштени натпревари на разни играчи. Подобро да одморам една вечер отколку да се повредам, ако веќе тоа помага. Верувам во лекарскиот тим и целата организација и мислам дека ќе го најдат вистинското решение“, додава центарот на Денвер.

Новата сезона во НБА лигата е закажана со почеток на 20. октомври, а веќе од 3. октомври тимовите ќе се сретнат во претсезонските натпревари.

Се вчитува...