Јокиќ речиси перфектен во новата победа на Денвер, „Дејм-тајм“ во Милвоки (ВИДЕО)

Денвер стигна до 28 победа во сезоната откако изминатата вечер славеше против Индијана со 117-109 на крилја на неверојатниот Никола Јокиќ.

Српскиот центар беше блиску до нов трипл-дабл учинок постигнувајќи 25 поени, 12 скокови и 9 асистенции, а одново одигра речиси перфектно во нападот промашувајќи само еден од 13 обиди од поле.

Милвоки и Сакраменто одиграа натпревар во кој беа постигнати 285 поени, а на победа од 143-142 се радуваа Бакс кои славеа благодарение на тројката на Лилард со звукот на сирената во продолжението.

Со 29 поени и 8 асистенции токму Лилард беше поентерски лидер на Милвоки, додека Адетокумпо оствари трипл-дабл учинок од 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Фокс беше лидер на Сакраменто со 32 поени и 5 асистенции.

Во останатите натпревари:

Мајами – Шарлот 104-87
Минесота – ЛА Клиперс 109-105
Портланд – Феникс 116-127

Се вчитува...