Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ вели дека во престојната сезона сака својата игра да ја подигне на уште повисоко ниво и да заигра на НБА Олстар мечот.
„Лично, сакам да настап на Олстар натпреварот, сакам да бидам запаметен во иднина како Олстар играч. Секако, првата цел е да освојам шампионска титула во НБА, но веднаш после тоа сакам да играм постојано на Олстар натпреварите“ – вели Јокиќ кој минатата сезона ја заврши со просек од 18,5 поени, 10,7 скока и 6,1 асистенција.
Јокиќ изминатиот период се најде и на удар во татковината поради тоа што пропушти неколку последни репрезентативни акции во својата земја. Но, се чини дека сето тоа не го засега многу. После се, под знак прашање се и неговите идни настапи за Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА